Филмски викенд: Хорори

filmski-vikend-horori-01

Во сите овие месеци како спремаме филмски предлози не сме понудиле хорори, затоа овој викенд ви нудиме одличен сет од три хорор филмови што ќе ве исплашат за сите пари.

Ова се исклучително интересни филмови со поинакви пресврти од она што сме научени да гледаме.

Не се едноставни и праволиниски слешееи со многу врискање, крвопролевање и безпотребни голотии (незнам зашто во хорор филмовите секогаш се поразголени). Ниту пак обработуваат необјасниви феномени, чудни појави, вонземјани и духови.

Ова се хорор трилери што ќе ве држат напнати и ќе ве изненадат кога најмалку очекувате.


The Tall Man (2012)

filmski-vikend-horori-1Не е обичен хорор филм, бидејки приказната е заплеткана и ќе ве замисли подеднакво како да гледате некоја психолошка драма.

Дејствието се случува во еден пропаднат град во Америка, каде владее мизерија и тага поради немаштијата што ги снашла после затварањето на рудникот. Граѓаните се депресивни и заглавени до гуша во своите проблеми.

Но, еден страв владее меѓу сите нив, стравот од Високиот човек. Тоа е локална легенда што луѓето ја смислиле како би си објаснале зошто толку многу деца исчезнуваат од градот.

Повеќето од нив не веруваат во легендата, како и една осамена вдовица која сама го одгледува својот син. Но, една вечер некој ќе провали во нејзиниот дом и ќе и го украде синот.

Пробува да го фати Високиот човек, но неуспева и го губи синот... а ние сме заглавени во некое чуство дека нешто не штима со приказната.

Чувството се зголемува кога ќе се вклучат и другите луѓе во градот. Како никој да не и верува? Дали е ова заговор против неа? Дали Високиот човек навистина постои?

Ве оставам вас да го гледате филмот и да се изненадите од расплетот на приказната. Сметам дека е една од пооргиналните идеи што се појавиле на филмското платно во последно време.

Ова не е слешер хорор филм и мислам дека ќе уживаат и оние кои немаат навика да гледаат хорори.

Режија: Pascal Laugier
Глума: Jessica Biel


The Cabin in the Woods (2011)

filmski-vikend-horori-2

Самиот почеток на филмот не верува многу. Знаејки дека е жанр хорор, имаме две девојки (едната паметна, другата плавуша) и тројца момци (еден супер згоден, еден нормален накај бубалица, и еден напушен дечко) одат на патување во некоја далечна колиба кај што никој предходно не бил, па е многу лесно да се извлечат претпоставки како ќе оди приказната.

 

Режисерот маестрално успева да не натера да веруваме во своите очекувања и истовремено да се прашуваме што-по-ѓаволите-се-случува.

Наеднаш од земјата никнува фамилија од психопатски зомбија и полека еден по еден ги ловат нашите главни глумци, а сето ова се следи и се снима од некое студио.

Тука ќе престанам да раскажувам бидејки сакам комплетно да уживате во филмот и да се изненадите од сите пресврти.

Очекувајте напнати и морничави ситуации измешани забавни и абсурдни моменти. Ќе се изненадите и од бројот на референци кон другите хорор филмови. На некој начин го заокружува цел хорор жанр.

За оние кои се поентузијастички расположени може во коментарите да ги напишете референците кон останатите филмови, па после да споредуваме кој приметил повеќе ;)

Режија: Drew Goddard
Глума: Kristen Connolly, Chris Hemsworth, Anna Hutchison


Silent House (2011)

filmski-vikend-horori-3

Сара со својот татко и вујко оди во фамилијарна викендица, која е прилично запуштена, делумно разурната од вандали и нецелосно поправена. Сара слуша звуци во куќата, како некој друг да има внатре покрај таткото и вујкото.

Сцените во филмот не наведуваат во различни насоки и не можеме да одгатнеме дали нависина некој друг има во викендицата. Незнаеме дали ќе се развие во бесно крвопроливање и бркотници, или е приказна за духови.

Татко и ќе биде нападнат, заклучени се внатре, клучевите неможат да ги најдат, а Сара треба да најде начин како да излезат од куќата.

После некое време филмот станува клаустрофобичен, морничав и ве држи напнати. Крајот што јас го претпоставив беше поинтересен и помрачен од вистинскиот, и вистинскиот крај малку ме разочара...

Се надевам дека откако ќе го изгледате филмот ќе најдете време да споделите дали крајот ве задоволи со објаснувањето или не.

Нема многу сцени што онака навистина ќе ве преплашат до смрт, повеќе се напнувате и се внесувате во приказната.

Морам да признаам дека главната глумица одлично си ја сработи работата бидејки го носеше цел филм на своите рамена. Можеби ќе ве интересира дека е помалата сестра на близначките Мери Кејт и Ешли Олсен, кој полека се пробива на големото платно.

Режија: Chris Kentis, Laura Lau
Глума: Elizabeth Olsen, Adam Trese, Eric Sheffer Stevens

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg