11 задолжителни филмови за женската популација
Листата на “женски филмови” е навистина долга, меѓутоа ова се 11-те безвременски филмови кои без оглед на возраста ќе го привлечат женското внимание, а се особено добри за гледање во женско друштво.
Mean Girls – Бидејќи тинејџерските проблеми се претставени токму онакви како што се во тие години.
About last night – Реално прикажано, болно раскинување на љубовна врска, кое во текот на животот на секоја девојка сигурно се случува.
Annie Hall – Филм од далечната 1977 година и сите среќни и тажни случувања во тој период. Денешниот центар на случувањата - градот Њујорк, е прикажан во многу поразлично светло од кое ни е познато.
The diary of Anne Frank – Покрај книгата која речиси спаѓа во задолжителната литература, така и овој филм не смеете да го пропуштите. Трагичниот живот на Ана Франк претставен сликовито и реално е нешто вредно за гледање.
Breakfast at Tiffany’s – Познатата икона Одри Хепберн со нејзината гламурозна појава е нешто кое ниту една девојка не треба да го пропушти како модна лекција.
Now and then – Приказна за долгогодишното пријателство кое секоја девојка треба да го има низ животот.
Funny girl – Стара приказна со инспиративна поука за животот.
Bridesmaids – Релативно нов филм, со современа и секојдневна приказна. Смешни ситуации во кои секоја девојка има реални шанси да се пронајде.
Girls just want to have fun – Вистинска приказна за пријателство кое се преточува во најубава љубовна приказна.
Almost famous – Филм кој ви дава поттик да ги следите своите страсти и желби, без оглед на возраста.
The way we are – Страсна љубов, меѓутоа и погрешна. Филм кој ниту една девојка нема да остави рамнодушна.