Филмски викенд: Комедија, Љубов, Драма... и животот воопшто
За овој викенд ви спремивме нешто лесно за гледање, да не речам филмови за топли досадни летни ноќи. Некој можеби би рекол дека ова се женски филмови, и да кажам дека воопшто не се бунам со таа констатација.
Девојки овој викенд е за вас! Денешниот избор нуди интересни ликови, разновидни приказни, многу романтични моменти, фанстастични актери и актерки и доста забавни моменти.
Уживајте во овој филмски викенд!
Иако насловот и тематиката потсетува на Bridesmaids, филм што го предложивме пред неколку месеци, овој некако повеќе ми се допадна.
Три супер згодни девојки се поканети да бидат деверуши на свадбата на Беки, која е треба да е нивна другарка од средно, но вистината е дека тие често ја исмејувале и оговарале поради нејзиниот изглед.
Но, баш Беки, таа што изгледа најлошо од сите нив, баш таа ќе се омажи и има најсреден живот од сите нив.
Иако нивната задача е да ја организираат девојачката журка и да ја занимаваат невестата, тие се повеќе опседнати со своите проблеми, нивните несигурности излегуваат на површина и скоро и да успеваат да ја уништат целата свадба.
За да не откривам премногу, само замислете си ја следната комбинација Bridesmaids со Mean Girls и моменти од Hangover и одприлика ќе знаете што да очекувате.
Актерската екипа е одлична, и женскиот дел и машкиот дел. Дефинитино го препорачувам филмот на било кој, што сака лесни комедии.
Режија: Leslye Headland
Глума: Kirsten Dunst, Isla Fisher, Lizzy Caplan, James Marsden, Adam Scotт, Rebel Wilson
What to Expect When You're Expecting (2012)
Оваа романтична драма е снимена според мега популарната книга за труднци.
Овој филм е најпогоден за оние кои планираат да имаат наскоро дете или веќе очекуваат да се породат или па оние кои поминале низ бременоста па сакаат да се потсетат. Но, сепак секој може да го погледне.
Имаме неколку парови кои се наоѓаат во различни фази од животот. Некои "работат на случајот", некои веќе очекуваат, некои непланирано останале трудни, некои посвојуваат итн.
Покрај проблемите што ги носи бременоста се запознаваме и со нивните животи, нивните проблеми и нивните желби.
Актерската екипа е во стилот ајде-да-го-собереме-цел-Холивуд, што станува тренд во последно време.
Никој од нив недобива доволно време во филмот за да се истакне, нодобро... треба да се покријат сите приказни паралелно.
Се надевам декаќе уживате. И морам да напоменам дека многу е веројатно после филмов да ве фати бебешка треска ;)
Режија: Kirk Jones
Глума: Cameron Diaz, Jennifer Lopez, Elizabeth Banks, Chace Crawford, Brooklyn Decker, Ben Falcone, Anna Kendrick, Matthew Morrison, Dennis Quaid, Chris Rock, Rodrigo Santoro, Joe Manganiello
Филмов вреди да се гледа дури и само поради филмската локација. На овие жештини ќе се чувстувате многу попријатно ако гледате филм чие дејство се одвива во замрзнатата Алјаска.
Фамилија од три китови се заглавени во замрзнатиот океан и со константно испливување на површината успеваат да одржат една дупка како би можеле да дишат.
Насекаде околу нив океанот е длабоко замрзнат и тие неможат да испливаат појужно.
Приказната за заглавените китови се шири и наскоро помош и идеи за нивно спасување доаѓа од целиот свет.
Филмот е базиран на вистинска приказна и ги екранизира настаните скоро идентично како што се случиле во вистинскиот живот.
Останува на вас да го погледнете филмот и да видите дали човечките напори ќе успеат да ги спасат овие беспомошни китови.
Како бонус информација, обрнете внимание на екипажот на рускиот брод, еден од нив го знаеме како Никша од "Изборот на Лара".
Ако сте љубители на животни или на приказни од кои ви се топи срцето тогаш овој е филмот за вас.
Режија: Ken Kwapis
Глума: Drew Barrymore, John Krasinski, Ted Danson, Kristen Bell, Dermot Mulroney
И.Т. | Црнобело