Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови каде главниот негативец е вештачката интелигенција

The Matrix веќе е синоним за борбата помеѓу човештвото и машините, додека M3GAN прикажува екстрем на вештачката интелигенција за кој обично не помислуваме.

10-filmovi-kade-glavniot-negativec-e-veshtachkata-inteligencija-01.jpg

Колку повеќе се развива вештачката интелигенција, толку повеќе слушаме и читаме за потенцијални црни сценарија што можат да бидат последица на неа – од бришење на приватноста, па сè до светска доминација.

А, бројните филмови што ја обработуваат оваа тема нè инспирираат да смислуваме уште помрачни теории.

10 филмови кои прикажуваат потенцијални закани од вештачката интелигенција:

The Circle

Снимен според истоимената книга на Дејв Егерс, дејството на The Circle се фокусира на моќна корпорација налик Гугл и Фејсбук, која владее со светот.

Главниот лик е млада девојка која си ги исполнува сонот да се вработи во компанијата, но набрзо ги открива вистинските намери на основачот.

Upgrade

Главниот лик е маж кој останува парализиран по брутален напад во кој ја губи и сопругата. Откако прифаќа да му се вгради чип со вештачката интелигенција, тој си ја враќа способноста за одење.

Но, додека пробува да им се одмазди на напаѓачите, сфаќа дека чипот почнува да има преголема контрола врз него.

The Creator

Дејството на The Creator е сместено во блиска иднина, каде луѓето и вештачката интелигенција војуваат едни со други.

Главниот лик е поранешен војник кој е на задача да најде напредна вештачка интелигенција, која претставува закана за целото човештво.

Ex Machina

Млад програмер добива можност да помине неколку дена во истражувачкиот центар на технолошки милијардер.

Овде добива задача да направи Тјурингов тест врз робот со вештачка интелигенција создаден од милијардерот, со цел да утврди дали е свесен.

И, колку повеќе време минува со робот, толку е понесигурен во својот заклучок.

Her

Од денешна перспектива, Her е можеби најреалистичниот филм на листата и покажува страна на вештачката интелигенција која веќе почнуваме да ја гледаме.

Главниот лик е маж кој почнува да користи нов софтвер со вештачката интелигенција што го користи како личен асистент. Но, постепено почнува да се вљубува.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg