Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови каде главниот негативец е вештачката интелигенција

Eagle Eye

Акционен трилер кој прикажува застрашувачка потенцијална закана од вештачката интелигенција.

Главните ликови се маж и жена кои не се познаваат, но почнуваат да добиваат наредби преку телефон од мистериозна жена.

Веќе стравувајќи за својот живот, тие ја следат секоја наредба, не знаејќи со што се соочуваат.

Archive

Во 2038-ма, млад научник тајно се обидува да создаде совршена вештачка интелигенција. Целта му е да ја врати свеста на неговата покојна сопруга и да ја „всади“ во хуманоиден робот.

Но, многу работи не одат по план.

The Matrix

Филмскиот серијал The Matrix веќе е синоним за борбата помеѓу луѓето и машините.

Главниот лик е програмер кој дознава дека човештвото е поробено од машини и дека светот во којшто живее е всушност симулација.

Па, треба да одлучи дали ќе се разбуди во вистинскиот свет или ќе продолжи да живее во лага.

M3GAN

M3GAN е морничав трилер кој покажува друг екстрем на вештачката интелигенција.

Експертка за роботика создава кукла со вештачка интелигенција, дизајнирана со цел да им биде заштита, но и пријател на децата.

Откако сестра ѝ загинува во несреќа, таа ѝ ја подарува куклата на внука си, но куклата почнува да оди до крајности за да го заштити девојчето.

I, Robot

Снимен според истоимената книга на Исак Асимов, I, Robot е меѓу првите приказни за опасноста од непослушна вештачка интелигенција.

Главниот лик е детектив кој истражува убиство кое се чини дека е направено од робот со вештачката интелигенција.

Но, убеден е дека ова е невозможно, бидејќи за да го изврши убиството, роботот би требало да е свесен.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg