10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови

Napoleon Dynamite

Филм кој можеби не е за сечиј вкус, но ако сакате нешто ексцентрично, нема да погрешите со Napoleon Dynamite.

Главниот лик е Наполеон, асоцијален тинејџер кој има само еден пријател кому му помага да биде избран за претседател на класот.

Во меѓувреме, треба да се справува со неговото чудно семејство.

Clueless

Уште еден култен тинејџерски филм, кој е секогаш забавен за милениумците.

Главниот лик е Шер, средношколка која потекнува од богато семејство.

Додека се справува со своите проблеми, си дава за цел да ѝ помогне на нова соученичка да стане популарна.

Juno

Со Мајкл Сера и Елиот Пејџ во главните улоги, Juno е филм кој допира чувствителна тема.

Џуно е тинејџерка која останува бремена и треба да одлучи дали ќе го чува бебето или ќе го даде на посвојување.

10 Things I Hate About You

Нов ученик во средното училиште се вљубува во девојка. Но, не може да ја покани на состанок сè додека нејзината постара сестра Кет не си фати дечко.

Па, тој му плаќа на „лошото момче“ од училиштето да почне да се гледа со Кет…

Booksmart

Главните ликови се Ејми и Моли, матурантки кои пред крајот на учебната година сфаќаат дека премногу се фокусирале на учењето.

Па, во малкуте денови што им остануваат од средно, одлучуваат да надополнат за пропуштените забави и искуства.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg