10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови
Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, изгледајте го Juno.
Почетокот на учебната година, нам повозрасните нè тера да се присетиме на нашите школски денови.
Ако периодов сте носталгични, зошто да не се вратите во минатото со некој филм?
10 забавни филмови кои ќе ве потсетат на школските денови:
Rushmore
Во режија на Вес Андерсон, дејството на Rushmore се фокусира на Макс – ученик кој е добар во сè, освен во учење.
Со посетувањето безброј вонучилишни активности, главната цел му е да се истакне меѓу богатите соученици, но дознава дека ако не ги подобри оценките, ќе биде избркан.
The Perks of Being a Wallflower
Главниот лик е 15-годишниот Чарли кој почнува да оди во ново училиште.
Додека се обидува да се справи со самоубиството на неговиот најдобар пријател и своите проблеми со менталното здравје, се здружува со двајца постари ученици кои му стануваат потпора во животот.
Lady Bird
Забавна драма во режија на Грета Гервиг која ги покажува маките на матурантите.
Главниот лик е девојка која при крајот на средно пробува да биде примена во престижен колеџ и да стане популарна.
The Breakfast Club
Дефинитивно еден од култните средношколски филмови кој е релевантен и денес, неколку децении подоцна.
Главните ликови се група ученици кои заедно се „заглавени“ на казнен час.
Иако не можат да бидат поразлични едни од други, неколкуте часови поминати во училницата како да ги зближуваат.
Mean Girls
Кога не знаете што да гледате, изгледајте го Mean Girl (по 85-ти пат).
Филмот кој одбележа цела генерација се фокусира на Кеди, средношколка која првпат тргнува на училиште, откако со родителите се враќа од Африка.
Овде пробува да се инфилтрира во друштвото на популарните девојки за да може да ги шпионира.