Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови
A Perfect Murder – 28 години
Уште еден филм од 1990-тите со вознемирувачка возрасна разлика.
Ликот на Гвинет Палтроу и ликот на Мајкл Даглас се во врска.
Во периодот на снимањето, Гвинет имаше само 26 години, а Мајкл – 54.
Third Person – 32 години
Во романтичната драма Third Person се претставени три љубовни приказни, но најмногу внимание привлече онаа на ликовите што ги глумеа Лиам Нисон и Оливија Вајлд.
Кога филмот беше премиерно прикажан, Нисон имаше 61 година, додека Оливија имаше 29.
Something’s Gotta Give – 35 години
Главните улоги во филмот од 2003 година ги глумат Дајен Китон и Џек Николсон.
И, нивната возрасна разлика не е така голема – десетина години.
Но, во филмот, ликот на Николсон е во врска со многу помлада жена.
Додека го снимале, Николсон имал 66 години, додека актерката што ја глуми помладата жена имала 31 година.
Entrapment – 39 години
Најголемата возрасна разлика ја гледаме во Entrapment од 1999 година.
Кетрин Зита-Џонс и Шон Конери глумат ликови меѓу кои има интензивна хемија.
Проблемот е што за време на снимањето, Зита-Џонс имаше 29 години, додека Шон Конери – дури 68.
Poison Ivy – 41 година
Врската помеѓу возрасниот маж и многу младата девојка во филмот има за цел да направи да се чувствуваме непријатно, за разлика од другите филмови на листата.
Но, бидејќи станува збор за возрасна разлика од четири децении, вреди да се спомене и Poison Ivy.
Во филмот, тогаш 17-годишната Дру Баримор глуми студентка која пробува да го заведе ликот на актерот Том Скерит, кој тогаш имал 58 години.
Спирова С. | Црнобело