Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 ретро хорор филмови кои и денес ни е страв да ги гледаме сами

The Exorcist до денес важи за најстрашниот филм на сите времиња, а морничавата маска на Мајк Мајерс од Halloween ни изгледа застрашувачки и денес.

10-retro-horor-filmovi-koi-i-denes-ni-e-strav-da-gi-gledame-sami-01.jpg

Дури и ако родителите не ни дозволуваа, во детството сите гледавме хорор филмови и потоа, нормално, ни беше страв од сè.

А, некои постари хорор филмови се толку страшни, што ни денес не би се осмелиле да ги гледаме сами.

10 ретро хорор филмови кои ќе ве исплашат (и вратат во детството):

The Exorcist

Според многумина, The Exorcist важи за најстрашниот филм, и тоа половина век од неговата премиера.

Морничавата приказна за малата Реган која е опседната од демон, како и нејзината суптилна промена која ве тера да мислите дека нешто такво е можно и во реалноста, го прават филмот ненадминлив.

A Nightmare on Elm Street

Фреди Кругер сигурно бил одговорен за кошмарите на многу деца кои го изгледале филмот кој никако не е соодветен за нив.

Фреди е главниот негативец кој демне неколку тинејџери во нивните соништа и ги убива.

I Know What You Did Last Summer

Ако не ви се гледа летна комедија или драма, зошто да не изгледате летен хорор?

Главните ликови се група пријатели кои прегазуваат маж. Наместо да пријават, тие пробуваат да се ослободат од неговото тело и се договараат никогаш да не зборуваат за настанот.

Но, следното лето почнува да ги демне некој кој знае за нивното злосторство.

The Silence of the Lambs

The Silence of the Lambs можеби нема духови и чудовишта, но долго време ќе ја мислите изведбата на Ентони Хопкинс како Ханибал Лектор.

Ханибал е сериски убиец и канибал кој е зад решетки.

Додека ја отслужува казната, млада детективка бара помош од него за да фати друг сериски убиец.

It

Римејкот од 2017 година ги надмина очекувањата, но оригиналниот филм од 1990 има посебен морничав шарм.

Главните ликови се група пријатели кои живеат во град каде што на секои 27 години се случува по некоја трагедија, а најчесто жртвите се деца.

Кога братот на едниот од нив исчезнува, тие пробуваат да откријат кој стои зад злосторствата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg