10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд

Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека оние кои сакаат научна-фантастика, сигурно ќе уживаат во Three Body Problem.

10-mini-serii-na-netfliks-shto-se-gledaat-vo-eden-vikend-01.jpg

Сериите со 10 сезони по 20 епизоди ги оставивме во минатото бидејќи, реално, ретко кој може да посвети толку време на само една серија.

Со прославувањето на Нетфликс и сличните стриминг платформи, сите преферираме серии со 10-ина епизоди, кои можеме да ги изгледаме и во еден викенд.

Во продолжение, 10 мини-серии на Нетфликс кои се гледаат за еден викенд:

Three Body Problem

Забавна серија во која контактот на човештвото со вонземјани е претставено на многу реалистичен начин.

Во 1960-тите, група научници од Кина се обидуваат да стапат во контакт со вонземски вид.

Во сегашноста, вонземјаните се веќе на пат кон Земјата, но постои опасност да го уништат човештвото кога ќе стигнат неколку века подоцна.

The Haunting of Bly Manor

Мини-серија која сигурно ќе ви се допадне ако сакате морничави приказни.

Главниот лик е млада девојка која се вработува како дадилка на две деца од богато семејство.

Иако се мошне учтиви, децата се однесуваат чудно, но и дадилката почнува да гледа чудни работи низ нивната огромна куќа.

Baby Reindeer

Снимена според вистинска приказна, Baby Reindeer се фокусира на мрачен период од животот на креаторот на серијата, кој воедно ја има и главната улога.

Додека работи во бар, тој запознава жена која живее во илузија дека се пар и почнува да го следи.

Clickbait

Clickbait е серија која се фокусира на мрачната страна на социјалните мрежи.

Откако маж исчезнува, на социјалните мрежи почнува да се споделува видео на кое се гледа токму тој.

Мажот држи натпис на кој пишува дека ќе умре ако видеото собере 5 милини прегледи.

Bodies

Дејството на серијата се случува во четири временски периоди – 1890, 1941, 2023 и 2053 година.

Во секој период, се појавува истото мртво тело и различни детективи всушност пробуваат да го решат истото бизарно убиство.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg