10 романтични филмови кои се совршени од почеток до крај
Titanic
Веројатно не треба да ви го опишуваме дејството на Titanic.
Ако сакате добра љубовна приказна инспирирана од историски настан, но и ако сте расположени за некоја солза, нема да погрешите со овој филм.
Pride and Prejudice
Снимен според истоимената книга на Џејн Остин, филмот важи за една од најубавите љубовни приказни.
Главниот лик е младата Елизабет која се запознава со богат, но арогантен маж.
И, тие почнуваат да развиваат навистина необична врска.
Ghost
Иако раскажува тажна приказна, Ghost сепак е филм што ќе ве насмее, особено изведбата на единствената Вупи Голдберг.
Откако еден маж е убиен, тој станува дух и пробува да стапи во контакт со неговата девојка за да ја предупреди.
А, за тоа бара помош од жена која тврди дека зборува со мртви, но всушност лаже.
The Princess Bride
The Princess Bride можеби не е за секого, но кога ќе се земе предвид неговата популарност скоро четири децении по премиерата, вреди да му дадете шанса.
Главниот лик е Батеркап, принцеза која се вљубува во фармер. Но, тие се разделени кога фармерот тргнува на печалба и е нападнат од пирати.
We Bought a Zoo
Филмот е инспириран од вистинска приказна, а главниот лик е Бенџамин, вдовец кој со децата купува куќа која има зоолошка.
Додека со децата пробува да продолжи со животот по смртта на сопругата, тој се зближува со млада жена.
https://www.youtube.com/watch?v=Krh1koDU2uE
Спирова С. | Црнобело