10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат
Legally Blonde
Legally Blonde е вистинска инспирација за сите девојки, но и жени.
Главниот лик е Ел Вудс, стереотипна русокоса девојка која се грижи само за својот изглед.
Но, откако дечкото ѝ раскинува бидејќи не е доволно паметна, Ел се запишува на Харвард и сфаќа дека вреди многу повеќе од својот изглед.
The Other Guys
Вил Ферел и Марк Волберг глумат двајца детективи кои се на задача да решат случај.
Овој случај им дава можност да ја преземат улогата на полицајци – нешто што и двајцата го идеализираат.
The 40-Year Old Virgin
Забавна комедија со Стив Карел во главната улога. Тој глуми 40-годишен маж кој никогаш во животот немал секс.
Кога неговите колеги дознаваат за ова, си поставуваат цел да му помогнат да си најде девојка.
We're the Millers
Една од позабавните комедии на Џенифер Анистон.
Главниот лик е локален дилер кој добива задача да пренесе голема количина дрога од Мексико во САД.
Со цел да не го фатат, тој најмува девојка, стриптизета и млад дечко кои се преправаат дека му се семејство.
Hot Fuzz
Сајмон Пег и Ник Фрост се заслужни за некои од најзабавните британски комедии, а според многумина, Hot Fuzz е нивната најдобра соработка.
Главниот лик во филмот е искусен полицаец од Лондон кој е испратен на работа во мало гратче бидејќи ги иритира надредените со својата ефикасност.
Иако гратчето е навидум мирно и полицајците речиси и да немаат работа, одеднаш полицаецот треба да реши неколку мистериозни убиства.
Спирова С. | Црнобело