10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат
Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додека Bruce Almighty се смета за најдобрата комедија на Џим Кери.
Ако ви се гледа нешто едноставно, што притоа ќе ви го подобри расположението и ќе ве насмее, веруваме дека ќе ви се допадне нешто од нашите предлози.
Дел од најдобрите комедии на 21-ви век:
Tropic Thunder
Со одлична актерска екипа што ја сочинуваат Бен Стилер, Роберт Дауни Џуниор, Том Круз и Џек Блек, Tropic Thunder е сатира, односно критика на холивудските филмови и нивните клишеа.
Главните ликови се група актери кои снимаат воен филм во џунгла, но по лош сплет на околности, оставени се сами на себе да преживеат, но и да ги избегнат локалните криминалци.
Bruce Almighty
За многумина, ова е најдобриот филм на Џим Кери.
Тој глуми го глуми Брус – просечен Американец кој воопшто не е задоволен од својот живот.
Бидејќи почнува да му се жали на Бог за својата несреќа, тој одлучува да му ги даде своите моќи.
The Voices
Мрачна комедија со Рајан Рејнолдс во главната улога.
Рајан глуми маж со шизофренија кој халуцинира дека неговите миленици му зборуваат, но почнува и да убива.
Дејството е прикажано од негова перспектива која обично нема допир со реалноста и иако звучи мрачно, филмот сигурно ќе ве насмее.
21 Jump Street
Главните ликови се двајца полицајци кои се инфилтрираат во средно училиште со цел да го фатат дилерот на нова опасна дрога.
И двајцата премногу се соживуваат со улогите и на некој начин одново ги живеат нивните средношколски денови, но со неколку клучни разлики.
Superbad
Со Џона Хил и Мајкл Сера во главните улоги, Superbad е забавна тинејџерска комедија.
Главните ликови се двајца најдобри пријатели кои сакаат да организираат забава пред да се разделат бидејќи ќе одат на различни факултети.
Но, нормално, многу работи не одат по план.