10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести

The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето со деменција, додека Philadelphia се фокусира на стигмата и дискриминацијата со којашто се соочувале луѓето со ХИВ.

10-filmovi-koi-realno-gi-prikazhuvaat-bitkite-so-seriozni-bolesti-01.jpg

Иако неретко се со трагичен крај, филмовите во кои некој лик има сериозна болест ни нудат увид во животот на луѓето како нив.

Ни помагаат да ги разбереме битките што ги водат, а со тоа и повеќе да се сочувствуваме со нив.

10 филмови кои одлично прикажуваат битки со сериозни болести:

Philadelphia

Со Том Хенкс во главната улога, Philadelphia ја прикажува стигмата со којашто се соочувале лицата болни од ХИВ во минатото.

Главниот лик е млад адвокат кој се заразува со ХИВ, по што добива отказ од правната фирма во којашто работи.

Додека болеста напреднува, тој пробува да докаже дека бил дискриминиран поради неговата здравствена состојба.

The Father

Ова е филм кој можеби најдобро прикажува како изгледа битката со деменција.

Дејството е раскажано од перспективата на главниот лик, кој постепено го губи допирот со реалноста и не може да ги препознае ни неговите најблиски.

Главната улога му припаѓа на единствениот Ентони Хопкинс.

50/50

Главниот лик е млад новинар кој на само 27-годишна возраст добива дијагноза за рак.

Шансите да се излекува и преживее се 50-50%, но наместо да очајува, почнува да ги учи најважните лекции во неговиот живот.

Во главните улоги ги гледаме Џозеф Гордон Левит и Сет Роген.

The Theory of Everything

Биографски филм кој го опфаќа целиот живот на генијот Стивен Хокинг.

Најпознатиот физичар на модерното време страда од амиотрофична латерална склероза и по дијагнозата не му предвидуваат долг живот.

Спротивно на верувањата на сите, Хокинг ќе живее 76 години, а ќе стане и најценетиот научник во својата област.

Dallas Buyer Club

Главниот лик е маж кој се заразува со ХИВ и добива предупредување дека нема да живее уште долго.

Кога сфаќа дека не може да допре до лекот кој му е потребен, наоѓа начин да го шверцува лекот за себе, но и за други заболени, и тоа со помошта на транс жена која исто така е позитивна.

Филмот е инспириран од вистинска приказна, а главните улоги им припаѓаат на Метју Меконахи и Џаред Лето.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 одлични филмови каде главниот лик е негативец Joker е најпопуларниот филм со негативец во главната улога, додека There Will Be...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg