10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести
Still Alice
Still Alice ги прикажува предизвиците со кои се соочуваат лицата со Алцхајмер.
Главниот лик е професорка по лингвистика која е дијагностицирана со болеста кратко по 50-тиот роденден.
Главната улога ѝ припаѓа на Џулиен Мур.
Panic Room
За разлика од останатите филмови, Panic Room не е драма, туку трилер, но многу добро покажува со какви опасности се соочени лицата со дијабетес.
Главните ликови се мајка и ќерка која има дијабетес, во чиј дом провалуваат разбојници.
Тие се кријат во соба во нивната куќа, но како што изминува времето, на девојчето сè повеќе му е потребна инјекција до која не може да допре.
The Fault in Our Stars
Снимен според истоимената книга на Џон Грин, дејството на The Fault in Our Stars се фокусира на девојка болна од рак.
Таа запознава момче кое ѝ станува можеби најголемата поддршка додека ја води битката со болеста.
Love and Other Drugs
Со Ен Хатавеј и Џејк Гиленхал во главните улоги, Love and Other Drugs е романтична комедија со фокус на Паркинсоновата болест.
Главниот лик е маж кој почнува врска со млада девојка која има болест што постепено се развива во Паркинсонова.
The Bucket List
Главните ликови се двајца мажи болни од рак на белите дробови.
Се запознаваат во болница и одлучуваат наместо да седат таму, да избегаат и да си ги исполнат најлудите желби пред да умрат.
Главните улоги им припаѓаат на Џек Николсон и Морган Фримен.
Спирова С. | Црнобело