10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле
Soul
Нека не ве залажува фактот што станува збор за анимиран филм – Soul ќе ве натера одново да се вљубите во животот, но и ќе ве мотивира да ги следите најлудите цели.
Главниот лик е џез музичар кој кратко откако добива можност да свири со негов идол, паѓа во шахта и умира.
Во „задгробниот живот“, очајно пробува да најде начин да се врати.
Triangle of Sadness
Сатирична комедија која ги исмејува богаташите кои баш немаат допир со реалноста.
Пар млади инфлуенсери добиваат можност да одат на луксузно крстарење со јахта.
Друштво им прават неколку богаташи, но „хиерархијата“ драстично се менува откако се соочуваат со невреме и се оставени на пуст остров.
The Northman
Филм кој можеби не е за сечиј вкус, но веруваме дека ќе ви се допадне ако сте фасцинирани од викинзите.
Дејството на филмот следи млад викиншки принц кој сака да се одмазди за бруталното убиство на татко му и киднапирањето на мајка му.
За многумина, The Northman одлично ги доловува културата, верувањата, бруталноста и начинот на живот на викинзите.
The Menu
Дејството на филмот се одвива во ресторан, односно на далечен остров на којшто се наоѓа ресторанот.
Локалот нуди ексклузивно искуство каде што секој оброк е како уметничко дело на готвачот.
Но, работите набрзо ескалираат откако гостите сфаќаат дека можеби се дури и во опасност.
Mulan
Адаптацијата на добропознатиот цртан филм Mulan е навистина забавна.
Приказната е генерално иста – Мулан оди во војска наместо нејзиниот татко кој се движи со бастун.
Но, доколку ја фатат, може да биде убиена, и тоа од нејзините сограѓани.
Спирова С. | Црнобело