10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле
Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Train. А, доколу сакате нешто посериозно, нема да погрешите со The Father.
И покрај застојот во филмската индустрија поради пандемијата, од 2020 година до денес сепак беа направени мошне добри филмови.
Сигурни сме дека досега сте ги изгледале оние најпопуларните, но веројатно има и нешто што сте пропуштиле.
10 филмови од 2020-тата наваму, кои треба да ги изгледате:
The Father
Со Ентони Хопкинс во главната улога, филмот премногу реално покажува како изгледа животот на лицата со деменција.
Она што го прави уникатен е тоа што дејството го гледаме од перспективата на ликот кој се соочува со болеста – неговите блиски изгледаат како потполно други луѓе, а конфузијата што ја чувствува ќе ја почувствувате и самите.
Cruella
Веројатно никогаш не би помислиле дека ќе имате сочувство и емпатија за злобната Круела де Вил, но овој филм ќе ви го промени мислењето.
Ема Стоун ја глуми Круела, а филмот прикажува како од наивна девојка, се претворила во суровата дизајнерка што ни е позната на сите.
Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings
Иако е инспириран од ликовите на Марвел, филмот нема допирна точка со бројните други филмови од оваа франшиза. И, за многумина е еден од најзабавните и најдобрите.
Главниот лик е Шанг-Чи, експерт за боречки вештини кој во минатото бил вплеткан во мрачна организација позната како Ten Rings.
Но, присилен е да го остави мирниот живот зад себе откако повторно се соочува со организацијата.
Bullet Train
Ако го сакате Бред Пит, но и ако сакате добра и забавна акција, дефинтивно треба да го изгледате Bullet Train.
Филмот е комбинација од комедија и акција, а голем дел од дејството се одвива во воз.
Овде, професионален убиец мора да најде актовка по која трагаат уште неколку убијци, и тоа на истиот воз.
No Time to Die
Во најновото продолжение од Џејмс Бонд, познатиот агент веќе се откажал од професијата и пробува да ужива во нормалниот живот.
Но, неговиот мир е нарушен кога стар пријател од ЦИА очајно му бара помош.
Даниел Крег ја репризира улогата, а покрај него ги гледаме и Рами Малек, Ана де Армас и Леа Сејду.