10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате)
Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал само еднаш. Кој е вашиот фаворит за цел живот?
Постојат филмови кои иако можеби не се најдобри, сите настојуваме да ги гледаме по неколкупати.
Ова се филмови со забавни приказни кои се лесни за следење и кои, генерално, ни го подобруваат расположението.
10 филмови што нема да ви здодеат ниту по 10 гледања:
The Devil Wears Prada
Комедијата со Мерил Стрип и Ен Хатавеј во главните улоги е секогаш забавна за гледање.
Главниот лик е млада девојка која се вработува како асистентка на главната уредничка на познато модно списание.
Но, уредничката (чиј линк е инспириран од Ана Винтур) пробува да ѝ го направи секој работен ден што е можно потежок.
Night at the Museum
Главниот лик е нов вработен во природнонаучен музеј кој открива дека експонатите во музејот, вклучувајќи го и огромниот скелет од диносаурус, навечер оживуваат.
Поради популарноста, филмот си доби уште три продолженија кои се исто забавни.
District 9
Необичен научнофантастичен филм кој на моменти изгледа како документарец.
Дејството е сместено во 2010 година, во период кога вонземјани живеат на Земјата.
Вонземјаните се сместени во камп кој со текот на времето се претворил во гето, каде што владее криминал.
Forrest Gump
Форест Гамп е лице со ментална попреченост. Но, благодарение на охрабрувањето од мајка му, попреченоста не го спречува да има исполнет и успешен живот.
Приказната на Форест ќе ве расположи и во најлошите денови, па на е ни чудно што ова е филм кој скоро сите го имаат изгледано барем двапати.
Stranger Than Fiction
Необична фантазија со Вил Ферел во главната улога која дефинитивно ќе ја изгледате и вторпат.
Главниот лик е Харолд – најобичен маж кој води генерално здодевен живот. Но, еден ден Харолд почнува да слуша женски глас кој е како наратор на неговиот живот.