10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај
Lost in Translation
Со Бил Муреј и Скарлет Јохансон во главните улоги, Lost in Translation ќе ви го прикаже Токио во ново светло.
Бил глуми актер со средовечна криза, додека Скарлет е млада девојка која е во Токио поради нејзиниот сопруг.
Двајцата, осамени и „изгубени“, случајно се сретнуваат и помеѓу нив се развива необично пријателство.
Amélie
Amélie е филм што ќе ве расположи и во најлошите денови.
Дејството е сместено во Париз, а главниот лик е Амели – млада девојка која сака да им помогне на луѓето околу неа да ја пронајдат својата среќа.
Seven Years in Tibet
Уште еден филм инспириран од вистинска приказна.
Главниот лик (Бред Пит) е познат планинар од Австрија кој, по бегството од воен затвор во Втората светска војна, завршува во Тибет.
Овде тој го запознава сегашниот Далај Лама (кој тогаш е само дете), а помеѓу нив се раѓа пријателство кое ќе трае со децении.
Midnight in Paris
Забавниот филм на Вуди Ален ќе ве однесе во Париз, и тоа низ неколку периоди од историјата.
Главниот лик (Овен Вилсон) случајно се враќа во 1920-тите во Париз.
И, додека се восхитува на „најубавиот период од историјата на градот“, сфаќа дека луѓето никогаш не го сакаат времето во коешто живеат и го романтизираат минатото.
Catch me if you Can
Повторно, филм инспириран од вистинска приказна со Леонардо ди Каприо, Том Хенкс и Кристофер Вокен во главните улоги.
Ди Каприо го глуми Френк – младо момче кое преку безброј измами успева да ги убеди сите дека е лекар, адвокат, па дури и пилот.
Филмот ја прикажува лудата брканица (низ неколку држави) која е делумно вистинита – додека ФБИ безуспешно се обидува да го фати, Френк смислува сè погенијални измами и секогаш е чекор пред агентите.
Спирова С. | Црнобело