10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај
In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја покаже убавината на Австралија, но и ќе ве мотивира да ги следите вашите најлуди цели.
Можеби уште е рано за летни одмори, но секогаш можеме да фантазираме за дестинациите што сакаме да ги видиме.
Филмовите, пак, се одличен начин да искусиме некое место како самите да сме таму.
Во продолжение, 10 филмови што ќе ви бидат како мини-одмор:
In Bruges
Дејството на филмот е сместено во волшебниот белгиски град Бриж, а главните улоги им припаѓаат на Колин Фарел и Брендан Глисон.
Тие се платени убијци кои се кријат во Бриж по наредба на нивниот шеф, откако ќе направат сериозен пропуст во една од нивните мисии.
Емотивен, и на моменти комичен, In Bruges е филм што ќе го помните многу долго.
Eat, Pray, Love
Инспириран од истоимената книга која беше хит и кај нас, Eat, Pray, Love е биографски филм за авторката Елизабет Гилберт.
Откако сфаќа дека е несреќна со животот што го има, таа се разведува од сопругот и тргнува на долго патување за да се пронајде себеси.
Со Џулија Робертс во главната улога, филмот ќе „ве прошета“ низ Италија, Индонезија и мистичната Индија.
The Secret Life of Walter Mitty
Волтер Мити (Бен Стилер) е одговорен за фотографиите што се објавуваат во познат магазин. Неговиот живот е монотон и досаден, а тој постојано живее во некоја фантазија.
Кога ќе се соочи со проблем на работа, Волтер тргнува кон Гренланд, на авантура за каква што не ни сонувал.
Tracks
Филмот е инспириран од вистинската приказна на Робин Дејвидсон која тргнува на пат да ја помине австралиската пустина.
Нејзиното патување од речиси 3.000 километри трае девет месеци, а друштво ѝ прават неколку камили и нејзиното куче.
Track е одличен филм кој не само што ќе ви ја покаже убавината на Австралија, туку и ќе ве мотивира да ги следите вашите најлуди цели.
Оригиналната трилогија Indiana Jones
Моментално има четири филма за познатиот археолог, а во 2023-та ќе излезе и нов.
Но, ништо нема да ја надмине оригиналната трилогија од 1980-тите.
Главниот лик е Индијана Џонс кој во трите филма патува низ неколку држави, вклучувајќи ги Египет, Непал, Австрија и Индија, обидувајќи се да реши разни (древни) мистерии.