10 филмови што не треба да ги пропуштите во пролет/лето 2023
Indiana Jones and the Dial of Destiny – 30 јуни
По цели 15 години, имаме можност да изгледаме нова авантура со омилениот археолог.
Дејството е сместено во 1969-та, во периодот на вселенската трка помеѓу САД и Советскиот Сојуз.
На Индијана Џонс, пак, не му се допаѓа што САД најмила поранешен нацист за да ја добие трката.
Mission: Impossible – Dead Reckoning, Part One – 12 јули
Ново продолжение од култните филмови со Том Круз во главната улога.
За дејството не знаеме речиси ништо, освен дека агентот Итан Хант повторно е на „невозможна мисија“.
Barbie – 20 јули
Филмот на Грета Гервиг е можеби најочекуваниот за оваа година, најмногу бидејќи никој не знае што да очекува.
Иако е инспириран од популарната кукла, Barbie воопшто не е наменет за мали девојчиња, а уште од трејлерот ќе се убедите дека сигурно ќе ви биде забавен.
Главните улоги им припаѓаат на Марго Роби и Рајан Гослинг.
https://www.youtube.com/watch?v=DmNDddKcA2s
Oppenheimer – 21 јули
Новиот филм на Кристофер Нолан ја раскажува вистинската приказна за Роберт Опенхајмер – физичарот кој е заслужен за измислувањето на атомската бомба.
Со режисер како Нолан, и актерска екипа што ја сочинуваат Килијан Марфи и Роберт Дауни Џуниор, можеме да очекуваме одличен филм за еден од настаните кои засекогаш го променија светот.
Gran Turismo – 11 август
Филмот е снимен според популарниот серијал видеоигри што го носи истото име. Но, истовремено е инспириран и од вистинската приказна за познат британски тркач.
Главниот лик е гејмер кој ја сака видеоиграта и сонува да стане професионален тркач.
Спирова С. | Црнобело