„Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт - Мартинки“ станаа дел од светското нематеријално културно наследство и се впишаа во Репрезентативната листа на УНЕСКО. Ова светско признание Република Македонија, заедно со Република Бугарија, Република Романија и Република Молдавија го доби на 12-тиот состанок на меѓувладиниот Комитет на УНЕСКО, Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото, кој се одржa од 3 до 10 декември 2017 година на островот Чеџу, Јужна Кореја...