Дали македонскиот маж се грижи доволно за себе? Clean Shave Society го има одговорот!
- Детали
- вторник, 05 декември 2017
„Само маж со мазно лице, е маж кој знае вистински да се грижи за себе.“
Веруваме дека сте изненадени од оваа изјава исто колку и ние. Во време на сè поголема актуелизација на мачо мода, оваа изјава доаѓа сосема неочекувано кај многумина. Токму ова е причината зошто толку многу се зборува за “Clean Shave Society”, друштво кое пропагира поголема и поактивна нега кај мажите.
Иако на прв поглед грижата на мажите како тема изгледа сосема нормално, ставовите на Clean Shave Society во многу кус период успеаа да предизвикаат големи дискусии. Дали македонецот навистина се грижи доволно за себе? Според момците од „Clean Shave Society”, одговорот се гледа на неговото лице.
Настрана од сите актуелни трендови, „Clean Shave Society“ велат дека нивната акција не е протест кон мажите и нивниот стандарден начин на живот, туку едноставно, рушење на предрасудите дека мажите треба да се грижат за себе и својот изглед.
Тоа што е интересно е поддршката за „Clean Shave Society” која покрај членството, многу брзо по основањето започна да се јавува и од страна на брендовите. Еден од првите партнери на друштвото е Philips, компанија со долгогодишна традиција на креирање на „алатки“ кои му помагаат на современиот маж да дојде до изгледот кој го посакува.
Повеќе за друштвото можете да дознаете на нивната Facebook страница каде во тек е и заедничка акција со Philips, во која еден од фановите кој во периодот од 4 до 14 декември 2017, ќе сподели своја смешна или интересна приказна, има можност да добие Philips AquaShave машинка за бричење, производ препорачан од Clean Shave Society.
Момци, што чекате? :)