Како Ред Бул стана дел од историјата на валутите?
- Детали
- вторник, 12 декември 2017
Од најстaри времиња, луѓето осмислувале начини за стокова размена и вреднување на нештата, што било претходница на парите.
Познати се легендите за островските народи од Пацификот и Атлантикот, кои за таа цел користеле морски школки. Што поегзотично, тоа повредно, а тоа подоцна се однесувало и на златото, среброто и останатите благородни метали од кои се обликувани парите.
Првите ковани пари кои се слични на денешните се појавиле пред 2.700 години во државата Лидија на Блискиот Исток, додека хартиените пари се појавиле во 10 век во Кина, но познати се многу локални примери кои биле типични за одредено поднебје. Норвежаните како пари го користеле путерот, додека Астеките таква функција им дале на зрната кафе, Римјаните плаќале со сол, додека во Парагвај ист пример има со полжави. Но, дваесет и првиот век донесе нешто слично, а во склад со времето – лименките со Ред Бул станаа валута!
Се разбира, станува збор за авантурата Red Bull Can You make it, каде што првиот македонски тим учествуваше во 2016 година. За изданието во 2018 година предвидено е од пет појдовни точки во Европа да се стигне до Амстердам, а ако успееш да добиеш гласови за своето презентациско видео, можеби токму ти ќе тргнеш на пат со само 24 лименки од омилениот енергетски пијалок.
Тебе ти преостанува да го искористиш шармот, снаодливоста и фантазијата, па лименките да ги размениш за сместување, транспорт и за други авантури на пат до престолнината на Холандија. Тоа предвидува и четири станици на минување, каде ќе добиеш нов контигент лименки ако ги исполниш поставените мисии.
Сега се поставува прашањето колку може една лименка да вреди и што се можеш да купиш со неа? Тука ќе наброиме само неколку примери кои сигурно ти делуваат нестварно!
Една австриска екипа минатата година даде три лименки за да оси на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите на Баерн Минхен.
Тројка од Шпанија, пак, потроши 12 лименки за тетовирање во Венеција.
Друштвото од Филипините направи егзотичен излет на Алпите во Швајцарија, каде што прв пат со своите раце допреа снег.
Учесниците од Норвешка отидоа најдалеку, за 24 лименки организираа лет со приватен авион.
Само во изданието од 2016 година учесниците разменија преку 16 илјади лименки Ред Бул, при што македонскиот тим „Борово“ исто така имаше незаборавни искуства со оваа валута.
Можеш ли ти да ги надминеш овие подвизи? Тогаш не чекај, туку најди две лица на кои ќе им веруваш и здружете се во најлудата авантура. Сите информации за натпреварувањето можеш да ги најдеш на следниот линк.