Securicom со нова услуга – отворен Центарот за итни настани
- Детали
- среда, 06 декември 2017
Securicom групацијата е препознатлива по иновативните пакети на услуги за безбеден, чист и функционален простор за деловно работење и живеење. Свесни за тоа дека понекогаш се случуваат непредвидени ситуации и дефекти во нашиот дом или деловна просторија каде е потребна брза интервенција, како и помош од трети лица обучени во таа област, тие неодамна го отворија Центарот за итни настани кој функционира 24/7.
Како најлесно да бидете заштитени и брзо да реагирате во таква итна ситуација? По вашиот телефонски повик на бесплатниот број 0800 12 122, од центарот веднаш ќе го испратат соодветниот тим за брза интервенција, кој навремено ќе реагира со цел елиминирање на дефектот и минимализирање на можната штета.
Сите правни и физички лица можат да ги добијат следниве услуги по повик: ХАУСМАЈСТОРСКИ УСЛУГИ, односно техничка интервенција на електрична и водоводна инсталација; техничка интервенција на системи за греење и ладење; техничка интервенција на браварски и столарски работи; молеро-фарбаски и гипсарски услуги; санација по поплава, пожар и други непогоди. Исто така, нудат и ПРОФЕСИОНАЛНИ УСЛУГИ ЗА ЧИСТЕЊЕ, односно машинско чистење на сите видови текстилни, дрвени, тврди и еластични подови; генерално чистење по потреба; внатрешно и надворешно чистење на достапни и недостапни прозорци; чистење на фасада со специјализирани возила или специјален тим на алпинисти. Нудат и хортикултурно уредување и одржување на зелени површини, како и чистење на снег.
“Центарот за итни настани и услугите кои ги нудиме на корисниците 24/7 се единствени од ваков тип во Македонија. Навистина ни е драго што со текот на годините ја имаме стекнато и оправдано довербата на нашите клиенти, без разлика дали станува збор за брза интервенција во итни ситуации и непредвидени настани, или пак обезбедување и професионално чистење во доверените објекти, ние сме секогаш вистинскиот избор со најбрзо решение. Токму затоа и нашето мото гласи: Вашите грижи нека бидат наши!” – велат од Securicom.
Услугите на Securicom досега беа достапни само на деловните корисници, но со отворањето на Центарот за итни настани, тие се достапни на сите граѓани кои имаат потреба од нивно користење. Центарот засега функционира само на територијата на Град Скопје.
Од 2000-та година па наваму, Securicom групацијата која како австриска компанија го има комплетно преземено знаењето и искуството од Р.Австрија, е посветена и докажана во понудата на висококвалитетни услуги од областа на професионалниот сервис за чистење, тековното одржување и обезбедувањето.