„Језиво, на ниво на криминал“ - Миа Костова ја прикажува реалноста vs. новиот ТикТок филтер за лице
- Детали
- понеделник, 27 февруари 2023
„Не знам дали имавте можност да го видите новиот филтер на ТикТок, но тој според мене е на ниво на криминал. Освен што ве прави совршени, односно далеку од она како изгледате во моментот, филтерот не мрда…“, вели Миа Костова и прави споредба на своето лице.
Миа Костова, која викендов издоминира, со моќен црн фустан и поттикна лавина од реакции, сега повторно поттикна реакции, но со искреноста на Инстаграм.
Таа отворено проговори за новиот ТикТок филтер кој го прави лицето совршено.
Филтер кој прави вашиот изглед без шминка да биде совршен и креира илузија, па многу девојки го користат периодов, а реалноста е дека изгледаат сосема поинаку и ова лажно претставување им штети на менталното здравје.
Обраќањето на Миа во видео на Инстаграм Стори гласи:
„Не знам дали имавте можност да го видите новиот филтер на ТикТок, но тој според мене е на ниво на криминал.
Освен што ве прави совршени, односно далеку од она како изгледате во моментот, филтерот не мрда, односно не можете да забележите дека имам филтер.
Преплавено ми е сè со филтеров и сега ќе го исклучам за чисто да видите каква е разликата.
Океј, језиво!“
Миа со филтер vs. без филтер:
С. С. | Црнобело