Миа Костова со фустан со отсечок на градите е највпечатлива гостинка на свадба - по инфузии, анксиозност и паника
- Детали
- петок, 24 февруари 2023
Миа Костова цела седмица најавуваше дека во петок, денес (24.02) ја очекува важен настан, мислејќи на свадбата на Павле Камилоски и Ирина Дишовска.
За оваа пригода, таа модно издоминира со фустан со отсечок кај градите.
„Освен што сум најгорда дека зад фустанов стои една голема другарска љубов и нејзиниот прекрасен тим, можам да кажам дека одамна фустан не го извадил ова од мене“, напиша таа.
Миа со денови пред свадбата примаше инфузии за да закрепне и да биде во форма, но откри дека и на самиот ден имала паника и анксиозност, па ги откажала сите термини и сама се погрижила за својата шминка и фризура.
Изгледа спектакуларно, а на свадбата е во придружба на својата пријателка Тијана Скулиќ, која се одлучи за елегатно издание, но со патики на нозете.
С. С. | Црнобело