Марија, наша инфлуенсерка: „Пред 7 години имав операција на малиот мозок, денес славам втор роденден, со трудничко стомаче“

„Денес, традиционално си го славам вториот роденден. Пред 7 години на денешен ден ми беше операцијата на малиот мозок. Ден што ниту јас, ниту моите најблиски ќе можеме да го заборавиме...“, ја почнува емотивната објава Марија и за CRNOBELO.com открива со каква дијагноза се соочила.

marija-nasha-influenserka-pred-7-godini-imav-operacija-na-maliot-mozok-denes-slavam-vtor-rodenden-plus-so-trudnichko-stomache-01.jpg

Марија од Скопје е наша инфлуенсерка со повеќе од 15.000 следбеници која постојано споделува вкусни и здрави рецепти и дефинитивно има еден од најубаво уредените Инстаграм профили.

Но, денес (26.02) таа откри дека слави втор роденден и дека пред 7 години на овој ден имала тешка операција на малиот мозок.

marija-nasha-influenserka-pred-7-godini-imav-operacija-na-maliot-mozok-denes-slavam-vtor-rodenden-plus-so-trudnichko-stomache-04.jpg

Марија за CRNOBELO.com открива дека пред 8 години ѝ дијагностицирале Арнолд Кијари - ретка малформација на малиот мозок и имала голема циста во 'рбетниот мозок.

Нејзината објава гласи:

„Денес, традиционално си го славам вториот роденден... Пред 7 години на денешен ден ми беше операцијата на малиот мозок. Ден што ниту јас, ниту моите најблиски ќе можеме да го заборавиме...

Но, од тој ден наваму, станав посилна, похрабра, посамоуверена, поблагодарна, посреќна, потрпелива, посмирена, поуспешна, поискусна, поздрава.

А годинава и со поголемооо (трудничко) меше. Денов го славам, како и секој претходен, а и секој следен!“

marija-nasha-influenserka-pred-7-godini-imav-operacija-na-maliot-mozok-denes-slavam-vtor-rodenden-plus-so-trudnichko-stomache-02.jpg

marija-nasha-influenserka-pred-7-godini-imav-operacija-na-maliot-mozok-denes-slavam-vtor-rodenden-plus-so-trudnichko-stomache-03.jpg

Прочитајте и На гости кај Марија: Светол стан од 100м2 во Скопје со асиметрија, многу книги и растенија (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
„Кога јас го носам детето на детски роденден, маж ми гледа ТВ, кога тој го носи - јас чистам, раскре... Мајка од САД вели: „Зошто мажите имаат време и за одмор и за хоби, додека жените...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg