Давид Темелков: „Дознав дека во ногата на нервот имам тумор од речиси 6cm – прогнозите беа страшни, но Бог ми помогна“
До денот на операцијата не дозволив да ме изеде психата, напротив. Се радував на секој нов ден и на сите нови обврски, на секој тренинг, на секој концерт.. Фокусот ми беше остар!
И гледај Чудо... Операцијата помина одлично!!!
Стопалото сè уште не е на 100%, ама духот е! Само Господ знае зошто ни дава искушенија, и Фала Му за сè!
Огромна благодарност и до професорот Раде Жиц кој веруваше и во оној 1% дека може да се спаси стапалото и што ми овозможи цврсто да чекорам кон целите и соништата.
Животот е чудо, сите имаме воздигнувања и падови, но кога ќе паднеме најважно е да станеме и да продолжиме. Не се откажувајте од вербата... Верувајте.
Верувајте во Добро, верувајте во чуда... Верувајте во Љубов... и да бидеме благодарни. Благодарни на Бога за сè што имаме и немаме.
Не ми замерувајте, долга е сторијата, ама е од срце.“
С. С. | Црнобело