Снеже Велков на плажа за Бадник: „Брр, првпат во животот се бањам во зима“ (видео)
- Детали
- сабота, 07 јануари 2023
„Прв пат во животот се бањав во зима. Оти? Така ми текна“ – напиша меѓу другото македонската водителка Снеже Велков до видеото на кое може да се види дека одлучила Бадник да го помине многу поразлично од другите, па одлучила да влезе да се бања иако надвор темепратурата била само 15 степени Целзиусови.
За разлика од повеќето македонски познати личности кои на социјалните мрежи се пофалија со тоа што ја добиле паричката и Бадник го прославиле во домашна атмосфера, водителката Снеже Велков објави малку поинакво доживување.
Како што може да се види од видеото, температурата надвор била околу 15 степени Целзиусови, а Снеже, во описот го нареди сите коментари што очекува да ги добие, а кои почнуваат на буквата „Б“:
„Бањање на Бадник. Блесаво, Будалесто, Боже, Боже, Бегај ма!, Болест жива!, Бог да чува!, Браво!, Блазеси ти!, Блескај си!, Брррр.
Прв пат во животот се бањав во зима. Оти? Така ми текна. А ти кога последен пат направи нешто за првпат?“ – напиша таа.
Инаку, претходно Снеже објави повеќе фотографии од прошетката низ Лисабон, во Португалија.
Иако точно не кажува каде се наоѓа по знаменитостите до кои се фотографирала, лесно може да се заклучи дека таа е во Португалија.
Таа ја посетила и Белемската кула сместена на брегот на Атлантскиот океан, но за разлика од фотографиите од плажа каде носи само бикини, тука е облечена во согласност со сезоната, со јакна, пантолони и чизми.
Погледнете уште неколку фотографии од прошетката на Снеже низ Лисабон:
Б. С. Б. | Црнобело