Верица Пандиловска по прославата во Холандија: „Јас не се бањав, но гледав други како се бањаат во морето“
- Детали
- петок, 06 јануари 2023
„Не се бањав во океанов, сѐ уште не сум Спартанка. Само гледав другите како традиционално се бањаа на првиот ден од новата година“, сподели Верица Пандиловска со фотографии од плажа на Северното Море во Холандија, откако ја дочека Новата година со сопругот во Утрехт.
Сопругот на Верица Пандиловска веќе извесен период живее и работи во Холандија, а Верица живее на релација Македонија – Холандија.
Таа новогодишната ноќ ја прослави во градот Утрехт со шампањ и огномет, а на 1-ви јануари отпатува во градот Хаг, сместен на крабрежјето на Северното Море.
Верица сподели дека Холанѓаните традиционално се капат во морето за да ја започнат годината така.
Нејзината објава со фотографиите од плажа гласи:
„Не се бањав во океанов, сѐ уште не сум Спартанка. Само гледав другите како традиционално се бањаа на првиот ден од новата година.“
С. С. | Црнобело