Марта Димоска, по мисијата на НАСА, позира во смел аутфит среде снежна бура во САД: „Ми летна шапката, како во филмовите“
- Детали
- понеделник, 26 декември 2022
Македонката Марта Димоска позира како секси Баба Мразица среде снежна бура во САД. „Прекрасно изгледаш, се надевам дека успеа да ја најдеш шапката“ – стои во еден од коментарите до видеото што таа го објави на Инстаграм.
Првата жена аналоген астронаут од Балканот Марта Димовска, за време на божиќните празници престојуваше во Охајо, еден од градовите што беше погоден од силната снежна бура што го зафати САД.
Марта на својот Инстаграм профил објави видео во кое позира во смел аутфит како секси Баба Мразица, облечена во црвен фустан со смело деколте, црвени чизми и смела шапка.
„Во Охајо има толку силна бура, што шапката ми летна на крајот, исто како во старите филмови“ – вели таа во описот на видеото.
Марта во Инстаграм Стори појаснува дека овој фустан го носела 3 или 4 години наназад, а доби голем број позитивни коментари за нејзиниот изглед.
Инаку, таа е првата жена, не само од Македонија, туку и од Балканот, која станала аналоген астронаут, односно личност која учествува во симулации за вселенски мисии. Марта беше дел од симулација на мисија на Марс која е финансирана од НАСА.
Таа неодамна даде опширно интервју за CRNOBELO.com, каде освен што говореше повеќе за својата мисија, се осврна и на нејзината кариера како алтернативен модел, па рече:
„Секако, низ моите студии, морав да најдам начин да се издржувам сама, а мојата креативност ме доведе до креирање на едиторијали за светски брендови како модел, каде што исплатата беше на светско ниво и колегијалноста со светски стандарди.
Никој не го потценуваше мојот труд во такви светски рамки и видов дека креативната страна може да биде и добро платена, па така, меѓу моите испитни сесии, работев.
Моите облини и мојот изглед беа прифатени, и немав никаков притисок да носам XS или да слабеам за да се вклопам“.
Прочитајте повеќе: Мартина Димовска е првиот македонски аналоген астронаут: „Оделото тежи околу 35 kg, потребни се 30 минути за да се облечеш“
Б. С. Б. | Црнобело