Дечко од Велес ја запроси саканата со светлечки напис на мост во Истанбул, со прстен од Капали чаршија (фото)
- Детали
- среда, 21 декември 2022
„Прстенот сакав да биде со уникатен дизајн и го купив од Капали чаршија кога пристигнавме во Истанбул, каде што бевме и сместени еден ден пред запросувањето. Потоа изнајмив јахта и ја запросив за време на крстарење под Босфорскиот мост“, споделува Александар (31) од Велес за CRNOBELO.com за запросувањето на својата сакана Ангела.
Александар (31) од Велес ја запроси својата сакана Ангела (25), исто така од Велес, на јахта на време на крстарење по Босфор во Истанбул.
Тој ја запроси со светлечки напис на Босфорскиот мост, каде пишуваше „Таа кажа да“, а потоа и нивните имиња „Ангела и Александар“.
За CRNOBELO.com Александар споделува детали од запросувањето:
„Запросувањето беше планирано долго време пред престојот во Турција, а јахтата ја изнајмив еден месец претходно само за нас двајца со останатата декорација.
Ангажирав и професионален фотограф за овековечување на таа посебна вечер.
Прстенот сакав да биде со уникатен дизајн и го купив од Капали чаршија во Истанбул, каде што бевме и сместени еден ден пред запросувањето.
По двочасовно пловење со јахтата, се качивме на палубата и ја прашав Ангела дали сака цел живот да плови со мене низ предизвиците на животот, а потоа го слушнав долгоочекуваното ДА!
За тоа време на мостот трепкаше напис со светлечки букви, заедно со нашите имиња што даваше дополнителна магија на нашата вечер.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело