Браво: Македонија по вторпат е светски шампион во Counter-Strike – Освоена награда од 50.000 долари (фото+видео)
- Детали
- недела, 11 декември 2022
Погледнете го видеото од доделувањето на пехарот. Македонија по вторпат е светски шампион во Counter-Strike: Global Offensive, откако утрово ја победивме Монголија со резултат 3:1.
Ова е година кога успеавме да извојуваме две значајни победи на полето на е-спортовите. Тимот на Мартин Саздов-Сакса стана светски шамион во Дота 2, а и кантерашите успеаја по вторпат да станат светски шамиони.
Рано утрово се играше големото финале од Светското Првенство во Counter-Strike: Global Offensive, а Македонија по вторпат го освои првото место, откако извојува победа над Монголија со резултат од 3:1.
Претходно нашите кантераши во групната фаза се натпреваруваа против тимовите на Монголија, Индонезија, Аргентина, Германија и Русија кои играа под неутрално знаме.
Светското првенство се одигра во Денпасар, Бали, Индонезија, а според информациите објавени на официјалната веб страна на CS:GO, Македонија ќе добие парична награда во износ од 50.000 долари, второпласираната Монголија 30.000 долари, а рускиот тим доби награда од 20.000 долари.
Во продолжение можете да го погледнете финалниот натпревар што нашите кантераши го одиграа против Монголија:
Погледнете го и видеото од доделувањето на пехарот:
NORTH MACEDONIA 🇲🇰 ARE THE CS:GO CHAMPIONS 🏆🏆🏆
— IESF (@iesf_official) December 11, 2022
They bulldozed their way past Team Mongolia 🇲🇳 and won after just 3 games! 👊👊👊
GG WP CHAMPS! 🏆🔥@macedonianesf #IESF #WorldEsports #Gaming #Bali2022 #WEC22 #csgo pic.twitter.com/HrNfea8feV
Б. С. Б. | Црнобело