Македонија има светски првак во Дота 2 – Мартин Саздов заработи 1 милион и 765 илјади долари од видео игра (видео+фото)
- Детали
- понеделник, 31 октомври 2022
Освен што годинава може да се пофали дека заедно со својот тим ја добил титулата светски првак во Дота 2, Мартин Саздов од Свети Николе успеа да заработи околу 1.765.000 долари и да покаже дека посветеноста на е-спортовите може да донесе резултати и сериозна заработка.
Мартин Саздов „Сакса“ (27) од Свети Николе е меѓу најпознатите македонски е-спорт играчи, а деновиве е актуелен откако заедно со неговиот тим Tundra Esports успеаја да го освојат трофејот на Светското првенство во Dota 2.
https://twitter.com/Saksadota/status/1586717728404295680
Светското првенство се одржа во Сингапур, а тимот Tundra Esports успеа да ја освои титулата откако убедливо го победи тимот Team Secret со резултат 3-0 во финалето што се одржа во неделата (30.10.).
Освен Мартин, во тимот Tundra Esports учествуваа и Оливер Лепко „Скитер“ од Словачка, Леон Кирилин „Најн“ од Русија, Нета Шапира „33“ од Израел, Јунг Ву „Снејкинг“ од САД и Куртис Линг „Ауи-2000“ од Канада.
Погледнете го моментот од победата:
Светското првентсво во Дота 2, познато и како „The International“ има неверојатен фонд за награди, а годинава тој изнесуваше речиси 19 милиони американски долари.
Светскиот првак, во овој случај Tundra Esports добива 8,5 милиони долари, а тоа значи дека нашиот Сакса, соиграчите и целиот тим ќе поделат неверојатна премија од овој турнир.
Според проценките, Мартин од овој турнир заработил 1.765.000 долари, што од 2015-та година па досега е негова најголема заработка.
Прочитајте и Од шампиони во Дота 2 до креатори на видео игра со милионска инвестиција – Кои се Македонците што стојат зад играта Battle for Giostone?
Повеќе фотографии од моментот на победата на тимот на Саздов во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело