Васил Гарванлиев го прослави 38-иот роденден со вереникот во rooftop бар во Чикаго (фото)
- Детали
- петок, 04 ноември 2022
„Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките и за тоа што сте тоа што сте. Минатата година беше една од најважните во мојот живот...“, ја почнува роденденската објава Васил Гарванлиев кој моментално живее во Америка со вереникот.
Васил Гарванлиев моментално живее во Америка, а во април годинава се вери со својот сакан. Тој ги сподели убавите вести на Инстаграм со фотографија од кутивче во кое се наоѓал вереничкиот прстен.
Пејачот вели дека со него е посреќен од кога било.
На 02.11 Васил имаше роденден, а сега го прослави со вереникот и мал круг на пријатели во еден rooftop бар во Чикаго.
Тој на својот Инстаграм профил напиша:
„Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките и за тоа што сте тоа што сте. Минатата година беше една од најважните во мојот живот и ова „избрано семејство“ е почеток на убавите работи кои допрва доаѓаат.
Опкружете се со љубов, радост и суштества кои ја гледаат светлината. Ве сакам.“
С. С. | Црнобело