Есенски украсен хотел во Претор со поглед кон езерото, кој ќе ви го врати мирисот на детство (фото)
- Детали
- вторник, 01 ноември 2022
Во Претор одев на одмор во основно училиште и за ова место ме врзуваат најубави спомени, па есенски украсената тераса на едно хотелче таму ми врати прекрасни емоции. Мирот загарантиран, а погледот кон Преспанското Езеро неверојатен, а сето тоа обоено во најубави бои.
Долно Дупени, Брајчино, Љубојно, Крани, Сливница, Претор и Асамати се само дел од прекрасните места во Преспа, а Претор е местото кое ми враќа најмногу детски спомени, затоа што токму таму во детското одморалиште одев на одмор со другарчињата од училиште.
Сега, таму има хотел со поглед кон Преспанското Езеро кое ќе ви го врати мирисот на детството со едноставната убавина која ја нуди, но периодов и со прекрасните есенски декорации.
Тикви, цвеќе, есенски сончеви зраци, мир и тишина, зарем ви е потребно нешто повеќе за спокој и среќа?
Есенската идила во „Mayberry Lake Hotel Pretor“:
С. С. | Црнобело