Даниел Кајмакоски со емотивна порака до новата девојка: „Ти си сѐ она што некогаш сум го барал“

„Ме туркаш да ги остварам сопствените соништа“ – ѝ порача Даниел Кајмакоски на својата нова мистериозна девојка. Дополнително, пејачот кој неодамна го прослави својот 39-ти роденден, сподели фотки од подарокот што го добил од девојката, во кој се вљубил на прв поглед.

daniel-kajmakoski-so-emotivna-poraka-do-novata-devojka-ti-si-s-ona-shto-nekogash-sum-go-baral-01.jpg

Нашиот пејач Даниел Кајмакоски откако подолго време се повлече од јавноста во последниот период почна почесто да гостува во емисии во српските медиуми, каде говореше отворено за бракот и разводот со Кристина Димитри, а на социјалните мрежи, пак, редовно споделува фотографии со новата мистериозна девојка.

Засега не е познат идентитетот на мистериозната црнокоса девојка што успеа да му го украде срцето на некогашниот победник на X-фактор, но, по емотивните објави на социјалните мрежи може да се потврди дека пејачот во моментов навистина е среќен.

„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“ – напиша до новите заеднички фотографии Даниел.

Во коментарите се огласи и мајката на Даниел, Ружа, која испрати повеќе емотикони со срциња и напиша кратко: „љубени мои“.

daniel-kajmakoski-so-emotivna-poraka-do-novata-devojka-ti-si-s-ona-shto-nekogash-sum-go-baral-02.jpg

Инаку, Даниел кој неодамна го прослави својот 39-ти роденден се пофали дека добил прекрасен подарок од девојката, во кој се вљубил на прв поглед.

„Љубов на прв поглед. Добредојде во семејството мала Нера. Едно големо благодарам за мојата девојка која ме направи премногу среќен“ – напиша Даниел до фотографиите од малиот црн кокер шпаниел што го добил за подарок.

Уште неколку фотографии во продолжение:

daniel-kajmakoski-so-emotivna-poraka-do-novata-devojka-ti-si-s-ona-shto-nekogash-sum-go-baral-03.jpg

daniel-kajmakoski-so-emotivna-poraka-do-novata-devojka-ti-si-s-ona-shto-nekogash-sum-go-baral-04.jpg

daniel-kajmakoski-so-emotivna-poraka-do-novata-devojka-ti-si-s-ona-shto-nekogash-sum-go-baral-05.jpg

daniel-kajmakoski-so-emotivna-poraka-do-novata-devojka-ti-si-s-ona-shto-nekogash-sum-go-baral-06.jpg

daniel-kajmakoski-so-emotivna-poraka-do-novata-devojka-ti-si-s-ona-shto-nekogash-sum-go-baral-07.jpg

daniel-kajmakoski-so-emotivna-poraka-do-novata-devojka-ti-si-s-ona-shto-nekogash-sum-go-baral-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Миа Костова си купи нов автомобил, Столе Димитриевски со девојката во Њујорк: Што прават македонскит... Фудбалската легенда Горан Пандев во Струмица се дружеше со Марко Маринковиќ - Сл...
Синот на Даниел Кајмакоски наполни една година: „Среќен роденден големо момче“ Даниел Кајмакоски сподели слатки фотки од синот Стефан по повод неговиот прв род...
Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените „Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позир...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg