Даниел Кајмакоски објави нови фотки со мистериозната девојка, откако изјави дека дал сè од себеси да го спаси бракот со Кристина
- Детали
- четврток, 29 септември 2022
Нашиот пејач Даниел Кајмакоски повторно објави фотографии со мистериозната црнокоса девојка со која минатото лето беше на одмор, а за која се шпекулира дека е неговата нова љубов. Македонскиот победник во X-фактор во изјави за медиумите вели дека намерно направил пауза во кариерата во надеж дека ќе го спаси бракот со бившата сопруга.
По бракот со манекенката Кристина, Даниел Кајмакоски подолго време не откриваше што се случува кај него на приватен план, а по вторпат во само еден месец тој објави нови фотографии со убавата црнокоса девојка со која летово беше и во Охрид и до нив напиша:
„Да ја исполниме Книгата со љубов и радост“.
Засега нема точни информации која е црнокосата убавица што успеала да го освои срцето на музичарот.
Инаку, тој деновиве гостуваше во емисија на српските медиуми, па таму појасни зошто во изминатиот период се повлекол од јавноста. Во емисијата Jutro na kvadrat Даниел појасни дека семејните проблеми се одразиле и врз неговата кариера.
„Повлекувањето од медиумите го направив свесно. Живеам во Белград од 2019-та година. Еден период бев и во Македонија. Таму се оженив, добив дете и се разведов. Сè се случи на брзина, односно на модерен начин. Затоа се повлеков од медиумите за да си дадам себеси време за семејството.
Во надеж дека тоа можеби ќе функционира, но тоа не се случи. Сепак, мене ми беше многу важно да можам себеси да се погледнам во огледало и да си речам ‘во ред, ти даде сè од себеси’“ – рече тој, а пренесуваат српските медиуми.
Погледнете уште фотографии од Даниел во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CeoGQxLNyv1/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело