Инфлуенсерката Александра Шијакоска со искрен приказ како се снимаат инстаграмџиските видеа – чекање, студ, редици
- Детали
- сабота, 22 октомври 2022
Македонската инфлуенсерка откри дека го разбудила среде ноќ својот партнер, па чекале со часови во Истанбул за светлината да биде совршена при осамнување на денот, но и дека низа други девојки облечени во фустани чекале ред и мрзнеле...
Александра Шијакоска е македонска инфлуенсерка со 61.000 следбеници која по здравствените битки полека, но сигурно им се враќа на работните обврски.
Од воспоставување на нови соработки и продолжување на старите, до креирање на модни парчиња во нејзин препознатлив стил, па и патувања со цел правење на впечатливи фотосесии и видеа...
Неодамна таа беше на краток престој во Истанбул, каде сними совршено инстаграмџиско видео во црвен лелеав фустан.
Но, потоа објави и каква е реалноста зад Инстаграм.
Откри дека го разбудила среде ноќ својот партнер, па чекале со часови за светлината да биде совршена при осамнување на денот, но и да се тргнат некои локалци кои си го фотографирале автомобилот на оваа инстраграмџиска точка, пред една од џамиите во Истанбул.
Таа сними и видео на кое се гледа дека таа не е воопшто сама таму, туку низа девојки облечени во фустани чекаат и мрзнат за да направат совршена фотографија и видео.
Очигледно не е толку лесно како што изгледа, зарем не?
Како изгледа реалноста, зад инстаграмџиските фотки и видеа:
Прочитајте и Александра Шијакоска за CRNOBELO.com: „Кога ми кажаа дека ризикот од смрт е многу голем прво се исплакав, сила најдов во луѓето кои ме сакаат“
С. С. | Црнобело