Атрактивната Македонка, што ја освои Србија, со фустан со впечатлив детаљ ја прослави моминската забава (фото)
- Детали
- понеделник, 17 октомври 2022
Со венче „bride“, торта и многу балони, Елеонора Миљковиќ, која учествуваше во реалното шоу Задруга, со пријателките во секси фустан се забавуваше на својата моминска забава.
Елеонора Миљковиќ (28), која учествуваше во реалното шоу Задруга, направи вердиба со својот сакан Чедо во јули 2022, а сега имаше и моминска забава.
За таа пригода Елеонора славеше со другарките во еден скопски локал, облечена во тесен, долг црвен фустан со секси детаљ на задниот дел.
Од самата креација има илузија на танга.
Со златно-црвени балони и еден во форма на свршенички прстен, Елеонора се загрева пред свадбената церемонија, за која не открива детали каде и кога ќе се одржи.
Фотографии од моминската забава:
С. С. | Црнобело