Атрактивната Македонка, што ја освои Србија, направи веридба - еден месец по запросувањето со букет од 101 роза (фото)
- Детали
- вторник, 19 јули 2022
Eден месец по романтичното запросување во скопска винарија, Елеонора Миљковиќ (28), која учествуваше во реалното шоу Задруга, направи вердиба со својот сакан Чедо.
Елеонора Миљковиќ (28), која учествуваше во реалното шоу Задруга, каде беше позната како Македонката Нора, во саботата (16.07) направи вердиба со саканиот Чедо.
Таа со својот изглед во Задруга веднаш ја заинтригира српската јавност, а од потоа кусо работеше и како презентерка на временска прогноза на српската телевизија „Red“.
Атрактивната Македонка на 16-ти јуни имаше запросување од соништата од страна на својот сакан Чедо, кој во една винарија во Скопје за својата сакана направи срце од рози, со црвени балони и огромен букет и клекна на колено за да ја запроси.
Сега, парот направи вердиба, на која беа поканети најблиските, а Елеонора традиционално од родителите на саканиот доби накит.
Фотографии од веридбата:
С. С. | Црнобело