Иво Јанковски и Надица Ѓеоргиева на одмор во Франција и Монако - се запознаа со Новак Ѓоковиќ
- Детали
- вторник, 20 септември 2022
Иво Јанковски на својот Инстаграм профил објави дека е му е огромно задоволство што го сретнал најдобриот тенисер на планетата. Од плажите во Ница до истражување на Монако, земјата со најмногу милијардери на светот, како изгледа патувањето на Иво и Надица?
Иво Јанковски и Надица Ѓеоргиева се вљубеници во патувањата и пар кој секој слободен миг го користи за истражување на нова дестинација.
Така, овој септември го искористија за посета на Франција и Монако.
Од прекрасните плажи во Ница и локалите со поглед на море до истражување на малата, но живописна држава Монако, тие уживаат таму.
Монако се наоѓа на брегот на Средоземното Море и граничи од три страни со Франција. Од Италија е оддалечена само 16 километри. Вкупната површина на Монако изнесува 2 квадратни километри и има население од околу 33.000 жители.
Токму во Монако, парот се запозна со Новак Ѓоковиќ, а Иво на својот Инстаграм профил објави дека е му е огромно задоволство што го сретнал најдобриот тенисер на планетата.
Инаку, Новак со својата сопруга Јелена отвори ресторан за здрава храна „Eqvita“, во Монако.
Прочитајте и Секој трет е милионер, просечниот животен век е 86 години: Интересни факти за животот во Монако
С. С. | Црнобело