Александар Тарабунов на одмор во Египет - посета на пирамидите во Гиза, возење баги во пустина
- Детали
- сабота, 10 септември 2022
Јавање камили, посета на пирамидите и задолжително возење низ пустините... Александар Тарабунов Тара ужива во сите активности што им се нудат на туристите во Египет.
Македонскиот пејач Александар Тарабунов Тара по големиот број работни ангажмани и настапи во земјава замина на одмор во Египет.
Од фотографиите што ги објави на Инстаграм можеме да видиме дека Александар покрај тоа што бил на плажа, ја искористил можноста да ги посети пирамидите во Гиза, а сонцето како да му е на дланка зад огромните гробници.
Тара минатата пролет ја објави новата песна „Празен град“.
По ова, заслужено замина на одмор во Египет, каде уживаше во капење во Црвеното Море, но и јавање камила низ пустината.
Повеќе фотографии од одморот, кои Тарабунов ги објави на Инстаграм:
Б. С. Б. | Црнобело