Александар Тарабунов ја објави својата нова песна - „Празен град“ (видео)
(17.03.2022) Поп-пејачот Александар Тарабунов слободно може да се прогласи за еден од највредните изведувачи на нашата естрада. Буквално, популарниот Тара не запира кога станува збор за создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови...
Токму по тој повод вчеравечер на скоро сите социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов „Празен град“.
Ова е уште една во низата одлични песни кои Тарабунов ги создава за својата публика.
Првите реакции за „Празен град“ се одлични. Композицијата наиде на позитивни коментари, а особено пофалби добива и видеоспотот, на кој и овојпат како режисер се потпишува добро познатиот Зоран Зонде Стојановски.
За малку ќе заборавевме. За оваа нова песна музиката, аранжманот и мастерот ги направи токму Александар, додека пак режисерот Зонде овојпат ја имаше улогата и на текстописец.
- Верувам дека ќе се допадне на публиката, бидејќи се што гледате и слушате во оваа нова песна е работено со многу љубов, а публиката тоа го препознава и го почитува. Јас сум задоволен од реакциите на луѓето кога првпат ја слушнаа, еве ќе ви откријам дека песната многу му се допаѓа на Игор Џамбазов, вели дека има светски звук- ни изјави познатиот пејач и музичар Александар Тарабунов.
Инаку, како што кажавме, Тара е еден од највредните на нашата сцена, па нема да бидеме изненадени ако во блиска иднина тој изненади со уште еден музички производ од неговата „кујна“.
Дотогаш слушајте и уживајте во „Празен град“: