Првпат по 20 години, проекција на македонски филм на Филмскиот фестивал во Венеција - „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Митевска
- Детали
- четврток, 01 септември 2022
28 години откако Милчо Манчевски го освои Златниот лав на Филмскиот фестивал во Венеција за филмот „Пред дождот“, новиот филм на Теона Митевска ќе се натпреварува на фестивалот. Исто така, ова ќе биде прва проекција на македонски филм на фестивалот по 20 години.
фото: Инстаграм
Првпат по 20 години, на овогодишното издание на Филмскиот фестивал во Венеција ќе има проекција на македонски филм.
Станува збор за филмот „Најсреќниот човек на светот“, во режија на веќе добро познатата режисерка Теона Митевска.
Покрај проекцијата, „Најсреќниот човек на светот“ е и еден од филмовите кои ќе се натпреваруваат на фестивалот.
79-тото издание на фестивалот започна на 31-ви август и ќе трае до 10-ти септември. Премиерата на „Најсреќниот човек на светот“ е закажана за 2-ри септември.
Претходно, во 2001 година, фестивалот беше отворен со филмот „Прашина“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.
Во 2002 година, повторно имаше проекција на македонски филм – Судијата“ на Жанета Вангели.
Исто така, во 1994 година, филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски ја освои и највисоката награда што се доделува на фестивалот – Златен лав.
Спирова С. | Црнобело