„Полихроно вриеше од медузи“ - Македонка со фотографии од наезда на медузи на првиот крак во Грција
- Детали
- четврток, 01 септември 2022
„На 30-ти август Полихроно вриеше од медузи... Утрото имаше само неколку, попладнето како да им стасаа цели фамилии...“, вели Александра Василева, која објави и фотографии од медузите на Фејсбук.
Во Фејсбук групата „На одмор во Грција“ осамнаа фотографии направени на 30-ти август во Полихроно на првиот крак во Грција.
Ова место, на 98km југоисточно од Солун, непријатно ги изненадило туристите кои сакале да уживаат во водите на Егејското Море, а една туристка од Македонија одблиску ги фотографирала медузите.
Фотографиите се на Александра Василева, а нејзината објава гласи:
„На 30-ти август Полихроно вриеше од медузи... Утрото имаше само неколку, попладнето како да им стасаа цели фамилии...
Во морето кај и да се свртиш ги имаше, а приквечерината веќе излегуваа и на брег.
За жал, повеќе од 20 извадија надвор и ги убиваа. Не знам како е сега...
А не знам и колку се опасни овој вид, бидејќи еден човек ги фаќаше одозгора на мазниот дел ги превртуваше обратно и ги враќаше во длабокото.“
С. С. | Црнобело / фото: Фејсбук На одмор во Грција