Мајка од Скопје се маскираше во суперхероина за роденденот на синчето (фото)
- Детали
- вторник, 30 август 2022
Браво! Креативната Катерина би сторила сè за да измами насмевка на лицето кај својот син Марко, па дури и да биде суперхероина на неговиот роденден.
Катерина Кулеванова од Скопје за својот 5-годишен син Марко би направила буквално сè, па така нејзиниот симпатичен потег за неговиот роденден е вистинска инспирација.
Па, така неодамна за неговиот роденден организиран на летниковец во природа, таа му организираше вистинска суперхеројска забава, каде се маскираше во суперхероината Wonder Woman.
Тортата за малиот Марко, пак, беше исто така со Marvel тематика, односно во фокусот беше чеканот на суперхеројот Тор.
За маската на Катерина се погрижи шминкерката Фросина Ангеловска, од чии вешти раце често гледаме ремек-дела.
Како изгледаше Катерина за тематската роденденска забава на синот:
С. С. | Црнобело