Милена Антовска: „Стомакот никако да ми спласне по раѓањето на Јоана, но гајле ми е си имам две златни дечиња“
- Детали
- петок, 05 август 2022
„Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана...“, вели водителката Милена Антовска, која додава дека и покрај тоа што не е задоволна, не ги едитирала фотките во бикини.
Водителката Милена Антовска е мајка на две прекрасни ќерки Лана Марија и Јоана. Помалата ќеркичка Јоана ја роди во јануари, а сега Милена објави фотки од плажа во бикини и искрено се пожали дека уште не е задоволна од изгледот по второто породување, иако таа изгледа одлично.
Нејзината објава гласи:
„Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана.
Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку.
Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика.
Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите.“
Повеќе фотографии од неа и ќерките:
С. С. | Црнобело