Петто јубилејно издание на „Мажи на годината“

Славиме значаен јубилеј кој стана синоним за оддавање почит на мажите во Македонија. Петта година по ред се дружиме на официјалниот избор „Мажи на годината“.

petto-jubilejno-izdanie-na-mazhi-na-godinata-01.jpg

Еден од најуспешните настани што се одржува во Македонија посветен на успехот и традиционалните вредности,  „Мажи на годината“, петти пат по ред во организација на  Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации,  ќе се одржи последната недела од ноември, месец посветен на машкото здравје.

Гламурозен настан кој се одржува во повеќе од 70 земји ширум светот, на едно место ги обединува најистакнатите имиња во претприемаштво, здравство, образование, политика и култура, настан за кој многумина ќе кажат дека е исклучително важен поттик за младите џентлмени.

petto-jubilejno-izdanie-na-mazhi-na-godinata-02.jpg

Докажаниот успешен тим кој стои зад овој проект веќе започна со организација и со полна пареа работи на јубилејното петто издание на „Мажи на годината“ во Македонија кое со нетрпение го очекуваме.

„Навистина сме горди што овој настан прерасна во традиција, препознаен во јавноста и што претставува императив за многу млади и успешни луѓе“, изјавија организаторите од Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.

petto-jubilejno-izdanie-na-mazhi-na-godinata-011.jpg

Овој јубилеен настан се најавува како единствен од овој тип на овие простори, за оние кои препознаваат и негуваат вистински вредности и добри навики, исполнет со многу нови изненадувања, загарантирана забава со богата музичка програма, гламур и награди за најуспешните.

„На наше големо задоволство повторно ќе им оддадеме почит и ќе ги избереме 13 најуспешни мажи за оваа година. Целта на овој настан е да ги поттикнеме мажите што повеќе да ги негуваат добрите навики, манирите,  стилот на живот, хедонизмот и успехот“ – изјавија организаторите од Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.

Како и секоја година така и оваа, за изборот на најуспешните мажи ќе одлучува стручна жири комисија составена од 25 члена кои се истакнати имиња во новинарството, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, спортисти итн.

petto-jubilejno-izdanie-na-mazhi-na-godinata-04.jpg

Традиционално, и вие можете да земете директно учество во изборот, и да номинирате една личност во категоријата на избор на „Маж на годината според социјални медиуми“ кој го сметате за најзаслужен оваа година.

„Голема благодарност и до медиумите, до нашите партнери и до вас драга публико кои непрекинато не поддржувате, успехот не би бил целосен без вас“- изјавија организаторите од Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg